а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

активира

активираат; активираме; активираше; активирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 6701
1. Поттикне, поттикнува кон засилена активност, дејство.
Англиски: activate Албански: aktivizoj
Примери:
Откако ја заврши гимназијата, тој ги активира сите другари во спортот.
2. Преведе, преведува во активна служба, во активен работен однос.
Англиски: activate Албански: aktivizoj
Примери:
Доцните со уплатата на ратата од кредитот и ако не платите, ќе Ви ја активираме административната забрана.
Македонија го активира резервниот состав.
3. Пушти, пушта, стави, става во работа, во дејство.
Англиски: activate Албански: lëshoj
Примери:
Во Берово ја активиравме фабриката за производство на текстил.
4. Направи, прави да се активира експлозивно тело.
Англиски: activate Албански: aktivizoj
Употреба: Воен термин
Примери:
Тој ја активира бомбата.
5. (се активира) Стане, станува активен, поактивен, ја засили, ја засилува својата активност.
Англиски: activate Албански: aktivizoj
Примери:
Тој се активира во својата работна организација.
6. (се активира) Влезе, влегува во активна служба, во активен работен однос.
Англиски: activate Албански: bëj aktiv
Примери:
По пензионирањето, таа се активира во една приватна фирма.
Изведенки
активирање ср.
глаг. им.